На барање на месното население во Коњско и Рача,денес, градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиески, се сретнаа со жителите од овие две населби со цел да ги слушнат нивните барања и инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат.

Ги разгледавме можностите за уредување на влезовите кон селата Коњско и Рача, можноста за осветлување на патниот правец Охрид- Свети Наум, на потегот од тунелот до хотел Метропол, како и потребата за изградба на пешачки патеки покрај главниот пат, изјави градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот информира дека од страна на локалната самоуправа од Агенцијата за патишта било побарано и уредување на осветлувањето на влезот во Охрид.

Досега ова осветлување беше обврска на општина Охрид, но од страна на минатата локална власт тоа никогаш не било побарано. Наидов на разбирање од директорот на агенцијата и сметам дека за кратко време ќе биде презмена оваа обврска од нивна страна, рече градоначалникот.

OhridNews