Се разгледуваат можностите за зголемување на бројот на српски туристи во земјава
02.04.12 16:33
Српски туроператори денес остварија состанок со претставници на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, при што се анализираа можностите за зголемување на бројот на туристите во Охрид, како традиционално место кое го посетуваат српските туристи, но и во останатите градови низ земјава. Новите можности произлегуваат од намалените цени на понудата во Македонија, субвенциите што македонската држава ги нуди за странските туроператори, како и малата оддалеченост меѓу двете држави.
– Дојдовме подобро да ги запознаеме потенцијалите на Македонија. Најмногу се промовира Охрид, но ќе ги запознаеме и Скопје, Битола, Прилеп, Маврово, Пелистер. Имаме соработка со Македонската амбасада, во тек се преговори за субвенциите кои се нудат што не стимулира, изјавија српските туроператори, кои потенцираа дека сакаат да ги промовираат и останатите градови и места низ земјава.
На годишно ниво Македонија ја посетуваат 30.000 туристи од Србија. Според продажбата на аранжманите во Србија, Охрид е најпосетуваната дестинација, особено во летната сезона.
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во македонската историја и државност, НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид...
На 09102026 во 10:10 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од друго лице, информираат од МВР Додаваат дека се преземаат мерки за рас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.