Титулата во Премиер лигата се поизвесно е дека ќе остане во Манчестер. Но, прашањето е на која страна од градот ќе заврши црвениот или синиот. Во 16-та рунда од најсилната англиска лига стадинот “Етихад“ ќе биде домаќин на нова дерби пресметка. “Црвените ѓаволи“ стартуваат од првата позиција со три бодови повеќе од градскиот ривал.


Минатата сезона Манчестер Сити со победа над градскиот ривал Јунајтед го направи одлучувачкиот чекор кон освојувањето на четвртата титула во Премиер лигата.

Оваа сезона уште од на почетокот градските ривали ги разнишаа односите откако “црвените ѓаволи“ ја ангажираа големата желба на “граѓаните“, Робин ван Перси.  Богатите газди на Сити понудија повеќе, но стариот лисец Сер Алекс Фергусон со помош на Едвин ван дер Сар успеа да го придобие Холанѓанецот.


Пред неделното дерби Фергусон изјави – Ако победиме на “Етихад“ тоа ќе биде најголемата победа на Манчестер Јунајтед додека од спротивниот табор односно менаџерот на Сити, Манчини ја спушти топката и рече дека Јунајтед е фаворит за бодовите на оваа дерби пресметка.

Како и да е в недела во 14:30 не очекува нова епска пресметка на градските ривали од Манчестер.

Мх.П.