По феноменалните игри во националниот дрес и одличните престави во клубот Марибор се зголеми интересот за услугите на Агим Ибраими.

За потписот на најдобриот фудбалер во Македонија за изминатата година најзагреани се Локомотив Москва и Рубин Казан. Информацијата за Ибраими ја потврди спортскиот директор на Марибор, Златко Заховиќ за “Македонски Спорт“.

– Тешко дека ќе го задржиме Ибраими во нашите редови по завршувањето на сезоната. Понуди за него стигнуваат секој ден, а конкретни се само оние од Локомотив Москва и Рубин Казан – рече Заховиќ.

Ибраими со четири постигнати погодоци во серија за македонската селекција се израмна со легендардниот центарфорд Зоран Бошковски, а со три голови е најдобар стрелец во Македонија во квалификациите за СП.

Мх.П.