Пристигна дел од тимот кој во Охрид треба да го подготви теренот за снимање на филмот „Трето полувреме“ по сценарио и режија на Дарко Митревски. Снимањето кое ќе се одвива на повеќе локации во градот и ќе започне викендов.
Сценариото во филмот е базирано на вистинска љубовна приказна што се случила во 40-тите години на 20-иот век, а ја следи и тематиката на прогонот на околу 7.200 Евреи од Македонија во германските концентрациони логори за време на Втората светска војна.
Филмот се снима во продукција на „Кино око“. Копродуценти се „И/О Пост“ и „Барандов саунд студио“ од Прага, Чешка.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com