Охриѓанецот во редовите на Хоризонт Турново, Валентин Кочоски е прогласен за играч на колото во спортскиот весник „Македонски спорт“.

Покрај наградата за најдобар фудбалер во весникот има посветено текст за 17-годишниот фудбалер кој потекнува од охридската фудбалска школа.
Сезонава младиот охриѓанец во Турново игра како позајмен фудбалер од фудбалската Академија на Пандев и запиша осум настапи на кои реализираше два погодоци.
Мх.П.










