Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е новиот тренер на списокот кандидати за наследник на Жозе Мурињо на клупата од Реал Мадрид.

На големо се шпекулира дека на крајот од сезоната, а можеби и порано Португалецот да се раздели од мадридски Реал. Барселона во “Ла лига“ на “кралевите“ им побегна тринаесет бодови додека единствениот спас Мурињо го гледа во освојување на Лигата на Шампиони.

Како наследници се споменуваа моменталниот тренер на “милионерите“ Јирген Клоп потоа селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, Рафаел Бенитез и Карло Анчелоти

Мх.П.