Во тек се градежни активности за реконструкција на пешачката патека на дел од булеварот „Туристичка“, на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“, информираат од Општина Охрид.

Во рамки на реконструкцијата се врши поставување на нови бехатон плочки и нови рабници во должина од околу 500 метри од десната страна на булеварот, додаваат во соопштението.

Претходно, на истиот потег беше извршено асфалатирање на велосипедската патека по целата должина.

Активностите се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид.

Ohridnews