Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“, на потегот од крстосницата со улица „Питу Гули“ до Стобекс, во должина од 750 метри.

Како што информираат од локалната самоуправа, предходно се извршени подготвителни работи за преместување на дистрибутивната ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски.

Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.

Иведувач на работите е АД „Илинден“ од Струга.

OhridNews