Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши посета на фудбалското игралиште во село Злести чија реконструкција е во тек. Станува збор за инвестиција, за чија реализација од општинскиот буџет се издвоени  737.500 денари.

– При реконструкцијата, поради непристапноста до теренот изграден е и пристапен мост кој го поврзува игралиштето со патот. Во реконструкцијата се опфатени и изградба на трибина,целосно завршување на зафатите за изградба на соблекувална ,поставување на мрежи на стативи и нивно бојадисување ,зацврстување на бетонски столбови ,поставување на влезна врата во теренот, информираат од локалната самоуправа  од Дебрца.

Оттаму, потенцираат дека реконструкцијата на игралиштето во Злести е реализација на дел од предизборните ветувања на градоначалникот за создавање соодветни услови за развој на спортот во општината.

OhridNews