Шадрванот во теќето на Зејнел Абедин-паша во Охрид, кое е лоцирано во непосредна близина на Чинарот наскоро ќе биде целосно реконструиран. Активностите за санација и конзервација на овој значаен споменик на културата, се одвиваат во рамки на годинешната програма на Нациналната Установа, Завод и Музеј, а ги финансира турската Интернационална агенција за соработка и развој ТИКА.

-Во тек е  реконструкција на целиот шадрван бидејќи беше дотраен, во многу лоша состојба и секој момент можеше да се сруши и да поклопи некого. Исто така се уредуваат и околните ѕидови,  а планирано е и целосно партерно уредување на просторот од теќето, вели Тања Паскали Бунташеска, раководител на Завод и Музеј.


Покрај конзервацијата на Шадрванот охридскиот Завод и музеј во соработка со ТИКА изврши реконструкција на Воска Амамот, а планирана е конзервација на турбето на Синан Челеби на Плаошник.

– Со активностите кои ќе ги преземеме за конзервација на турбето на Синан Челеби, истото ќе си ја заджи својата функција, но ќе овозми услови за негова поголема презентација пред туристите, појаснува Бунташеска.

Инаку во теќето на Зејнел Абедин-паша во Охрид, е погребан првиот шех (поглавар) на охридските дервиши од редот на Халветите, Хаџи Мухамед Хајати, по потекло од Персија. Неговиот гроб е на челно место во турбето кое се наоѓа во состав на денешното теќе.

Е.М