Денес започна реконструкцијата на тротоарите на улицата „Кузман Јосифоски Питу“.

Како што информират од локалната самоуправа, ќе се врши прередување на бекатон плочките, ќе се средува зеленилото, а ќе се поставуваат и заштитни елементи со цел при паркирањето на возилата да не се зафаќа дел од тротоарите.

Во текот на наредниот период, реконструкција на тротоарите ќе се врши на уште неколку улици во градот, меѓу кои и на „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“.