Со средства од општината, по извршеното заменување на корпите за отпад и осветлувањето, деновиве започнаа активностите за обновување на мостовите.
Со оглед на големата посетеност, од локалната самоуправа на општина Вевчани најавуваат дека на влезот кон изворите, за скоро време ќе се изградат и паркинг простор и јавни тоалети.