Во екот на сезоната започнаа градежните активности за реконструкција на тротоарите на булеварот „Туристичка“ кај музичкото училиште „Методи Патче“.
Како што информираат од локалната самоуправа на овој потег во должина од 415 метри ќе се гради нoва велосипедска и пешачка патека, кои ќе бидат на исто ниво. Постоечкиот дрворед нема да се менува, освен дрвјата кои предизвикуваат оштетувања на инфраструктурата. Тие ќе бидат заменети со нови во текот на есента. На овој потег предвидена е изградба на нова канализациона мрежа со соодветни приклучоци. Вредноста на инвестицијата е 3.350.000 денари, велат од локалната самоуправа.
Во следна фаза вакви зафати предвидени се во населбата Рача и на улицата Гоце Делчев.
OhridNews











