Еден од клучните проблеми со кои се соочува Секторот за внатрешни работи во Охрид е недостатокот на кадар, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој денес беше во посета на секторот.

При тоа министерот акцентот го стави на недостатокот од полициски службеници, проблем, како што рече, чие решавање е во тек.  

– Со конкурс за нови вработувања и со преусмерување на одредени работници на подрачјето на Охрид, ќе се се подобри состојбата, рече министерот Спасовски.
За безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, министерот потенцира дека е добра,  но и дека треба многу да се работи за да се подобри во многу аспекти, се со цел охриѓани и граѓаните на Македонија да бидат задоволни од начинот на кој работи македонската полиција.

Во врска со претстојните локални избори министерот рече дека МВР во соработка со ДИК, своите расположливи капацитети ќе ги насочи кон создавање на фер и демократска атмосфера во текот на изборната кампања и самото гласање.

OhridNews