Во тек е конзервација и реставрација на неколку цркви во стариот дел на градот и во околните села, што ја врши Охридскиот Завод и Музеј .
– По долготрајно влијание на влага доаѓа до нарушување на ѕидот на кој што стои живописот поради таложење на соли, саѓи и нечистотии кои се отстрануваат механички и хемиски, со користење на материјали изработени по стари рецепти за да не дојде до оштетување на фрескоживописот, истакна Ленче Мојсоска, историчар на уметност и кустос на Заводот и Музеј Охрид.
Како завршна фаза од конзервацијата и реставрацијата се врши ретуширање на оштетениот слој со што се продолжува векот на фрескоживописот, кој е значаен дел од лултурно историското наследство.











