Се родија првите еленчиња во Националниот парк Галичица, се обновуваат информативните табли и патокази
04.06.20 11:06
Националниот парк Галичица, кој изминатите години е една од најпосетените туристички детинации во земјата. почна со ревитализација на системот на патеки во вкупна должина од 202,6 километри и обновување на информативните табли и патокази.
Ревитализацијата на системот на патеки започна во април 2020 година, но заради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19, активностите беа со намален интензитет, секако, во согласност со мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од Коронавирусот КОВИД 19. Ревитализацијата ќе биде завршена кон крајот на јуни 2020. Со обновувањето на инфраструктурата долж системот на патеки ќе бидат целосно заменети 66 информативни табли и повеќе од 100 патокази. – информираат од НП „Галичица“.
Националната установа работи и на изготвување на Планот за управување со НП Галичица (2021-2030 година). Во изработката учествуваат вработени во установата и надворешните членови на тимот за планирање, кои се претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, стручни невладини организации и институции од областа на животната средина. Планирано е заклучно со 31 декември 2020 година Планот за управување со НПГ да биде одобрен и донесен.
Националниот парк, како што информираат од националната установа, ја промени и стратегијата на финансирање, целосно запирајќи ја сечата на огревно дрво.
Во текот на 2018 година, ЈУНПГ започна со трансформација на своето работење во делот на обезбедување средства со кои се финансира заштитата на природата. Дотогашната пракса за целосно покривање на оперативните трошоци со приходи добиени од директно искористување на природните ресурси (главно сеча и производство на огревно дрво) почна да се менува со зголемување на приходите генерирани од туризам. Во 2020 година, ЈУНПГ донесе одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво.
Во фокусот на Националниот парк е заштита на планинските пасишта кои се „жариште“ на биолошката разновидност, како и обнова и заштита на фауната. За таа цел кон крајот на 2019 година беше изграден репродуктивниот центар за европски елен, во чии рамки со внатрешно оградување функционира и центар за спасување и рехабилитација за повредени и запленети животни, како и прилагодлива (карантинска) област. Репродуктивниот центар е со површина од 86 хектари и се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“. Во него се сместени 30 елени, 24 женки и 6 мажјаци, а минатиот месец тука се родија и првите еленчиња.
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот Претпремиерата ќ...
По попрвичниот би рекол благ удар ценовен којшто настанува после секое вакво навестување за воведувањето на дополнителни санкции врз извозот на руската нафта ќе се стабилизират нештата затоа што им...
На 27102025 во 13:30 часот на паркинг простор на улица „Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 26-годишно лице од охридското село Коњско Тој се сомничи д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.