Напаѓачот кој изутринава избодел до смрт две лица и ранил 16 ученици кои чекале школски автобус се самоубил пресекувајќи си го вратот. Како што јавуваат медиумите, 50-годишниот маж имал два ножа во рацете и извикувал ,,Ќе ве убијам”, по што избодел 12-годишно девојче и нејзиниот 39-годишен татко, кои им подлегнале на повредите. Нападот се случил на автобуска станица во градот Кавасаки, во близина на Токио.

Јапонската државна телевизија НХК објави дека повеќето од нападнатите девојки стоеле на станицата во близина на паркот Ноборито, кога еден човек на возраст од 40 или 50 години почнал да ги боде со ножеви.Возачот на автобусот изјавил дека го забележал напаѓачот како се приближил до групата девојчиња и ги нападнал, а тоа се качил во автобусот и таму продолжил со нож да ги боде децата.

Телевизија, повикувајќи се на полициски извори, јави дека потоа напаѓачот си го пресекол вратот.Портпаролката на полицијата на Кавасаки, Масами Араи, изјави дека 16 ученици се повредени, од кои 13 имаат сериозни повреди.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во државна посета на Јапонија, изрази сочувство. Јапонија има една од најниските стапки на криминал во светот, но во последниве неколку години се случувале напади со ножеви.