Екипи од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ почнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред канцеларијата на Капетанијата на пристаништа.

Со специјална механизација се вадат камените блокови  од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар.

После оваа фаза, во соработка со јавното претпријатие „Градски гробишта“ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

OhridNews