Продолжуваат активностите за санирање на оштетените делови низ улиците во стариот дел на градот кои започнаа пред десетина дена.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ и „Градски гробишта“ денеска вршат санирање на калдрмата кај црквата Св. Софија, при што се преуредуваат коцките од калдрмата онаму каде што има нејзино оштетување, а предвидено е и да се уредува просторот околу црквата. Паралелно со уредувањето на ул. „Коста Абраш“ се врши санација на оштетувањата и на ул. „Цар Самоил“.
Продолжува и уредувањето на населбата Канео. Во тек е реконструкција на постоечките потпорни ѕидови, кои претсавуваат опасност по безбедноста на минувачите, а заради поголема заштита ќе се подигнуваат и нови. Исто така се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери на патеката што води кон црквата „Св. Јован – Канео“. Овај дел од градот ќе добие и нови зелени површини и хортикултурно ќе се дооплеменува.
OhridNews