Екипи на ЈП „ Нискоградба“ деновиве спроведуваат интензиви активности за  санација на мостот на реката „Далјан“.

-Веќе е завршена едната страна на мостот и се очекува, доколку временските прилики бидат поволни, градежните работи  да финишираат за десетина дена. Покрај санацијата  на мостот, од двете страни на регионалниот пат Охрид-Струга се градат и пешачки патеки во вкупна должина од околу 60 метри, информираат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид.

Оттаму додаваат дека со санацијата на овој мост се очекува да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој дел од општина Охрид.

OhridNews