Се санира проблемот со водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец”. Од јавното претпријатије информираат дека по утврдениот дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата е прекинато водоснабдувањето од 18.01.2022 год. и се пристапило кон решавање на проблемот.
Додаваат дека проблемот е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на ЈП „Водовод”-Охрид и доставени биле енормно високи сметки за потрошувачка на вода.
Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews












