Деновиве започна санацијата на оштетените делови од градскиот кеј, кои настанаа зимава, за што неодамна пишуваше OhridNews. Езерските бранови предизвикаа оштетувања на бетонската конструкција и бекатон плочките на шеталиштето.

Оштетувања има и на мостот пред хотел Палас, каде оштетените делови при врнежи од дожд се полнат со вода. Локалната самоуправа најави дека сите оштетувања на градскиот кеј и придружната инфраструктура ќе бидат санирани.

OhridNews