Екипи од општинските јавни претпријатија, деновиве, реализираат активности кои се дел од неколку комунални проекти. ЈП „ Водовод“ ги санираше отворените водоводни шахти по должината на булеварот „ Туристичка“, а се најавува дека ваквите активности ќе продолжат и во останатите делови од општината. ЈП „ Нискоградба“ ќе изврши санација на бетонските шахти кои од различни причини се уништени или оштетени, а екипи од ЈП „Градски гробишта“ извршија санација на скалите кај Холандскиот парк.
Акциите за уредување кои јавните претпријатија ги реализираат по налог на Секторот за комунална дејности при општина Охрид ќе продолжат и во наредниот период.
Од Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид повторно апелираат до несовесните граѓани да престанат со уништување на јавните блага,а граѓаните доколку детектираат вакви или слични проблеми во било кој дел од градот тоа да го пријават во просториите на Секторот сместен во општинската зграда.
OhridNews