Во рамки на годишната програма за санација и асфалтирање на улици и пристапни патеки, започнаа активностите за крпење на ударните дупки и санација на прекопи на улиците на територија на Општина Охрид, информира во објава на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Вредноста, стои во објавата, на оваа програма изнесува 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews













