Во тек се активности за сервисирање на уличното осветлување во градот, со акцент на најфреквентните улици. Се заменуваат дотраените сијалици, како и арматурите на сијаличните места кои претходно со децении не биле сервисирани.
Како што информираат од Фондот за комунален развој, сообраќај и улици при локалната самоуправа освен на градските улици, се врши сервисирање и на уличното осветлување во селските средини, особено во туристичките населби каде деновиве се очекува да се зголеми бројот на туристи.
OhridNews