Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе играат во финалето од Лигата Европа, што на 9 мај ќе се игра во Букурешт.

Билбао ја продолжи својата волшебна сказна победувајќи го Спортинг со 3-1 со голот на Љоренте неколку минути пред последниот судиски свиреж. Севкупните 4-3 го водат “црвено-белиот“ тим во романската престолнина.


Своето место таму уште на првиот меч  го најави, а го реализираше на Местаља тимот на Диего Симеоне, Атлетико Мадрид. Стрелец на единствениот гол во реваншот беше Адријано. “Јорганџиите“ се победници со севкупни 5-2.

М.П.