Првиот, очигледен неспортски потег на 30-те Олимписки игри во Лондон, се случи во бадминтон, кога кинеската комбинација во двојки, намерно загуби меч за на патот до евентуалното финале да ги избегне своите сонароднички.
Публиката во Вембли Арена со свирежи ги испрати актуелните светски првенки во игра на двојки, Ју Јанг и Ванг Џиаоли. Свирежи добија и нивните противнички од Јужна Кореја Ју Кјунг и Ким Ха, бидејќи го посрамотија овој спорт.
Имено, во последното коло во Групата А, во прелиминарната рунда, двете двојки, кои имаа изборено пласман во четвртфиналето, намерно се обидоа да го загубат мечот.
Веднаш потоа, по слично сценарио, но не толку очигледно, својот меч го одиграа Ха Јунг и Ким Минг од Јужна Кореја и Индонежанките Греија Поли Меилиана Јаухари.
Победија на крајот Корејките, кои во четвртфиналето ќе играат против споменатата кинеска двојка, додека девојките од Индонезија доколку стигнат до полуфиналето ќе играат против втората светска двојка Тиан-Зао од Кина.
Од Светската бадминтон федерација поради неспортското однесување најавија казни за двојките од Кина, Јужна Кореја и Индонезија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com