Новиот македонскиот селектор Мирсад Јонуз, на македонската клупа ќе дебитира в сабота на “Филип II“ арената во Скопје против Норвешка. Играта на противникот не е енигма за довчерашниот предводник на надежети кој драгоценото искуство го стекнал од натпреварите против соодветната селекција. Кога Јонуз го предводеше тимот на Македонија под 21 г. дома ремизиравме 1-1, додека таму извлековме 0-0
– Дел од тие репрезентативците сега се во составот на “А“ тимот. Го познавме нивниот стил на игра, а од она што го забележав кај нив на мечевите кои ги прегледавме со Германија, Јужна Африка и Холандија е евидентиот пад и непостојаност во играта– вели Јонуз
Во составот на Норвешката селекција најзвучни имиња се Џон Арне Рисе од Рома, Гамст Педерсен од Блекбурн како и Џон Карју од Астон Вила.
– Нивни најопасен играч е корпулентниот напаѓач на Астон Вила, Џон Карју. За него подготвуваме посебна одбрана, ќе го ставиме во т.н сендвич, со што би го неутрлизирале во целост – завршува Јонуз.
За разлика од Јонуз, Игор Митрески кој против Норвешка доколку се најде на тревникот ќе го одигра 54 натпревар во дресот со националниот грб, многу малку знае за норвежаните, но не е премногу насекиран за тоа.
– Малку ги познаваме норвежаните, деновиве дополнително ќе ја проучиме нивната игра, за нас најбитно е да ја наметнеме нашата игра, тие се гости па тие нека му ја мислат.
Денес и утре македонските репрезентативци ќе имаат двојна доза тренинзи додека в четврток заминуваат за Скопје.
Дукла Прага е силен противник, двократен европски првак и екипа која се бори за титула во националното првенство Затоа е потребно максимално залагање и фокус во текот на целиот натпревар и силна по...
Прес конференција на тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и средниот бек Тилен Стрмљан, пред натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага, што ќе се одигра утре вечер (сабота), во салата “...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.