Телеком Словеније АД, денес, објави дека е договорено спојување на македонските компании ОНЕ ДООЕЛ Скопје која е дел од Телеком Словеније Групацијата со компанијата ВИП оператор ДООЕЛ Скопје , која е дел од Телеком Австрија Групацијата.
Телеком Словеније ќе поседува 45% акции од новоформираната споена компанија , додека Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% од акциите.
Договорот исто така вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словеније од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето.
Затворањето на процесот е предмет на, меѓу другото, и финалната длабинска анализа на ОНЕ ДООЕЛ Скопје која што се очекува да заврши до средината на ноември 2014, како и на одобрување на македонските власти. Телеком Словеније АД и Телеком Австрија Групацијата планираат процесот да заврши во првиот квартал од 2015 година.
Активностите на македонскиот пазар се во согласност со бизнис планот на Телеком Словеније Групацијата за 2014 година и стратешкиот бизнис план на Телеком Словеније Групацијата за периодот 2014 – 2018. Телеком Словеније АД не смее да открива други детали до комплетирање на трансакцијата.
OhridNews
извор Макфакс