„Антибиотиците не се храна за да ја избираш без лекар и секоја непотребна употреба ја намалува нивната ефикасност“ е мотото на националната кампања за рационална употреба на антибиотиците, која ќе трае до 18 ноември оваа година.
Целта на кампањата е да се зголеми свеста кај здравствените работници, но и кај населението за непотребната употреба на антибиотиците.
Како што информираат од Институтот за јавно здравје, антибиотиците се лекови кои дејствуваат само на бактериски инфекции и соодветно треба да бидат применувани.
-Доколку несоодветно се применуваат, се развиваат механизми на адаптација кај бактериите, кои доведуваат до отпорност кон применетите антибиотици. Тоа значи дека, доколку би имале инфекција со мултирезистентен микроорганизам и предизвика сериозна инфекција, може да не постои лек што ќе дејствува на нашата инфекција, објаснуваат лекарите.
Тие порачуваат дека мора да ги заштитиме и да ги зачуваме лековите за да бидат делотворни за нашите идни генерации и да не се земаат антибиотици без консултација на доктор.
OhridNews