Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х ќе се комплетираат 16 екипи кои ќе играат во 1/8 финалето од  Лигата на Шампиони.  

Рома само бод ја дели од пласманот во нок аут фазата во Лигата на Шампиони. “Волчицата“ драгоцениот бод ќе се обиде да го освои на гостувањето кај романскиот Клуж. Вицепрвакот Баерн Минхен кој веќе го обезбеди првото место во групата на домашен терен ќе го пречека Базел.


Двојки: Баерн Минхен – Базел, Клуж – Рома

Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Рома 9, Базел 6, Клуж 3.

Челси е единствена екипа која има пет победи во исто толку натпревари. За да продолжат во истиот ритам “сините“ ќе мора да триумфираа на жешкиот стадион Велодром над Олимпик Марсеј.  Жилина на домашен терен против Спартак Москва ќе ги брка првите бодови во групната фаза.


Двојки: Олимпик – Челси, Жилина – Спартак

Табела: Челси 15 бодови, Марсеј 9, Спартак 6, Жилина 0

Реал Мадрид е прво пласиран во групата, додека Милан го завзеде второто место. Оксер односно Ајакс ќе се борат за третото место кое носи “топла“ зима во Лигата на Европа.


Двојки: Реал Мадрид – Оксер, Милан – Ајакс

Табела: Реал Мадрид 13 бодови, Милан 8, Ајакс 4, Оксер 3

Во последното коло Арсенал на Емирати ќе го пречека на српскиот преставник во Лигата на Шампиони, Партизан. Со триумф на “топџиите“ над “гробарите“  избранаците на Арсен Венгер ќе играат фудбал и на пролет во Лигата на Шампиони. Шахјтор Донецк на натпреварот со Брага треба да освои еден бод за да осамне во врвот на групата. Со евентуален трумф на Брага и Арсенал групата дополнително ќе се искомпликува.


Двојки: Арсенал – Партизан, Шахјтор – Брага.

Табела: Шахјтор 12 бодови, Арсенал 9, Брага 9, Партизан 0.

Мх.П.