Попладнево, со одигрувањето на натпреварите од 38-то коло, ќе биде спуштена завесата во англиската Премиер лига.


Последното коло ќе даде одговор на неколку дилеми, која екипа (Манчестер Сити или Арсенал) ќе избори директен пласман во Лигата на шампионите, кој ќе ја преставува Англија во Лига Европа, во игра се Тотенхем и Ливерпул, и кои два тима ќе му се приклучат на Вест Хем во втората лига.

Пет кандидати се во игра за двете места кои водат во понизок ранг, во најлоша позиција се Виган и Блекпул, овие екипи гостуваат кај Стоук, односно Манчестер Јунајтед. Виган и Блекпул имаат бод помалку од Бирмингем, Вулверхемптон и Блекбурн.

Двојки :  Астон Вила-Ливерпул, Болтон-Манчестер Сити, Евертон-Челзи, Фулам-Арсенал, Манчестер Јунајтед-Блекпул, Њукасл-ВБА, Стоук-Виган, Тотенхем-Бирмингем, Вест Хем-Сандерленд, Вулверхемптон-Блекбурн.

“извор Макфакс“
Ohridnews