Покривот на спортскиот центар Скендерија во Сараево кој се користеше за уметничко лизгање на Зимски олимписки игри 1984 се распадна под тежината на снегот, соопшти полицијата. При рушењто не се пријавени повредени.
Спортскиот центар Скендерија кој се наоѓа во центарот на Сараево бил затворен и во моментот на руешење никој не бил внатре рече портпаролот на полицијата Ирфан Нефич.
Центартот Скендерија е составен од три различни комплекси, кои се изградени во 1969 година и се користеа за време на Олимпијадата за уметничко лизгање и хокејот.
Повеќе од една недела БиХ е парализрана поради рекордните снежни врнежи. На одредени места снежната покривка изнесува и над 3 метри, а ниските температури го отежнуваат чистењето на снегот. Затворени се сите школи и универзитети, а сообраќај е возможен само по главните патишата и оние кои водат до болниците.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com