Според последните мерења, извршени вчера, котата на Охридското Езеро изнесува 693,81 метари или 6 сантиметри над максимално дозволенота граница , соопшти Центарот за управување со кризи. Испустот на вода од езерото во Црн Дрим кај Струга изнесува околу 65 метри кубни во секунда, а намалување на нивото на вода бележат и реките од сливното подрачје на езерото.
Континуираното опаѓање на езерскиот водостој, кое е регистрирано во последните две недели, се должи на поволните временски услови и намалените врнежи на дожд, а според надлежните ќе значи и конечно стабилизирање на состојбата со охридското крајбрежје.
Највисокиот водостој на Охридското Езеро во изминативе три месеци, беше измерен во средината од месец март и изнесуваше 26 сантиметри над максимално дозволената кота, која треба да изнесува 693,75 метри надморска височина.











