Сообраќајните незгоди летово се честа појава во Охрид. Значително зголемениот број возила, сообраќајниот метеж, непочитување на знаците и правилата, како и топлото време што создава дополнителна нервоза кај возачите, се најчеста причина за незгодите. Една таква, за среќа без сериозни последици, се случи денеска на улицата „7-ми Ноември“ каде се судрија автомобил и мотоцикл.
Незгодата е без сериозни последици и предизвикана е само материјална штета, изјави за Охридњуз портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Надлежните апелираат на вимателност во сообраќајот со цел да се избегнат несакани ситуации.
OhridNews