Доцна попладнево на крстосницата кај СРЦ „Билјанини извори“, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа џип и автомобил. За среќа, во судирот нема настрадани,а предизвикана е поголема материјална штета.


Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, а поради сударот сообраќајот во овој дел од градот извесен период се одвиваше отежнато.

OhridNews
фото: Васко Бујароски