Во сударот учествуваа патничко возило – такси и моторцикл. Како што информираат од СВР Охрид, во незгодата учесниците поминале без повреди, а направена е материјална штета на возилата.
Увид на местото на незгодата изврши сообраќајната полиција.
На овој дел од регионалниот пат често пати се случуваат сообраќајни несреќи. Една од главните причини за тоа е неприлагодената брзина на учесниците во сообраќајот кон условите на патот.