Вчера, околу 12 часот и 30 минути, на магистралниот пат Охрид-Ресен , во близина на Царински терминал, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 32-годишно лице, и „Застава“ управувана од 73-годишен жител од охридското село Косел.
Возачот на Заставата, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид од каде, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување, информира СВР Охрид.
OhridNews












