Словенскиот интернационалец во дресот на “рибарите“, Марко Јаколиќ поради повреда ќе го пропушти почетокот на втората полусезона од шампионатот. 20-годишниот фудбалер на еден од тренинзите заработи пукнатина на ногата и во аут ќе биде најмалку четири недели. Јаколиќ кој во зимскиот преоден рок дојде во Охрид, е вториот фудбалер, по “стоперот“ Бошковски кој заработи повреда кој отпаѓа од комбинација за стартните мечеви од пролетниот дел.


„Охрид 2004 в недела на “Атина Бојаџи“ го пречекува Хоризонт Турново. По првата полусезона “белите“ со 20 бодови се наоѓаат на осмата позиција додека “турновци“ од предпоследното место со 15 бодови ја продолжуваат грчевитата борба за опстанок

Мх.П.