СВР Охрид денеска излезе со повеќе детали за кражбата што деновиве се случи во каналот Студенчишта во Охрид, од каде, како што објави вчера OhridNewsa, се украдени повеќе пенти за кајчиња.

На 20.09.2020 година, во СВР Охрид, 49-годишен охриѓанец пријави дека, од засега непознат сторител, му била одземена моторна пента, марка „Томос“, оставена необезбедена на чамец во каналот „Студенчишта“. На 19.09.2020 година, уште две лица од Охрид пријавија дека од чамци во каналот, им биле одземени моторни пенти, марка „Томос“. Пентите биле одземени со употреба на подесен алат. – соопшти СВР Охрид.

Полицијата информира и дека вчера 36 годишно лице пријавило дека непознат сторител, му одзел таблет „Самсунг“, оставен во брод закотвен на Градското пристаниште.

СВР Охрид презема мерки за расветлување на овие случаи.

Г.М.

Крадци оперираат во каналот Студенчишта