Во тек е рехабилитација и санација на дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“, информираат од Општина Охрид.

На оние делови каде што има поголеми оштетувања поставена е нова тампон основа и извршено е прередување на каменот. Активностите се дел од програмските планови на Општина Охрид за партерно уредување во стариот дел на градот велат во соопштението.

Во текот на претходниот период со средства на општинскиот буџет, беше извршена реконструкција и рехабилитација на неколку улици и пешачки патеки.

OhridNews