Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, ноќеска по полноќ ја започна акцијата за уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно бојадисување на осовинските линии и пешачките премини на булевар „Туристичка“. Oд Општина Охрид информираат дека означувањето на сигнализацијата кое започнало од влезот на Охрид, траело до 6 часот утрово.

Акцијата за уредување на хоризонталната сигнализација се спроведува согласно годишнaта програма за одржување на улиците и патиштата во општината.

OhridNews