Се уредува коритото на реката „Сушица“. Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката.

Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен, велат од општина Охрид.

0Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“.

Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“ од пресекот на булевар„ Туристичка“ до пресекот со улица „Железничка“.

OhridNews