Со цел да се обезбедат поголем број на паркинг места за граѓаните и туристите во централното градско подрачје, општина Охрид започна со чистење и уредување на паркинг просторот на улицата „Серафим Китаноски“, која има еднонасочен режим на сообраќај.

Во рамки на работните активности на терен, екипите на ЈП „Охридски комуналец“ извршија  расчистување на просторот, по што ќе се пристапи кон поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, информираат од локалната самоуправа.

Според планираното, на оваа улици ќе бидат обележани 28 паркинг места.

OhridNews