Во тек се градежни активности од првата фаза на проектот за уредување на патеката што води од „Саат кула“ до „Горна Порта“, во стариот дел на градот.

Проектот предвидува тампонирање, бетонирање и поплочување на постојната земјена патека, како и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.

Вкупната вредност на проектот е 3 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги изведува ДООЕЛ „Тане 2007“ од Охрид.

OhridNews