Деновиве се спроведуваат завршни активности за изградба на мини- плоштадот во населбата  Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и  бехатон плочки, по што централниот дел ќе  биде соодветно хортикултурно уреден.

На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП  Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација.

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности.

OhridNews