По барање на Ј.О.У.Д.Г. „Јасна Ристеска“, екипите при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со уредување на дворовите од градинките и поширокиот простор околу нив. При тоа се врши чистење и хортикултурно средување: косење, метење, кроење на крошните од дрвјата, шишање на живата ограда и украсните садници.

Пред почетокот н ановата учебна година, во тек се активности и за уредување на дворот на  О.У.”Климент Охридски” во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој дел од градот.

– Се расчистува расфрланиот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација , а ангажирани се 10 општи комунални работници.  Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на жбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според нашите проценки се очекува да се подигне 60 метри кубни отпад од овој простор, велат од јавното претпријатие.

OhridNews