Екипи од јавното претпријатие „Нискоградба“ со активности за расчистување на просторот околу градското пристаниште и малиот плоштад до хотел „Александрија“, по повод претстојниот верски празник „Богојавление – Водици“ и „Денот на рибарите“.
Во тек е чистење на снегот и нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде што влегуваат капачите по чесниот крст.
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна и со активности за проверка и чистење на пумпните станици кои се наоѓаат на територија општината. Оваа активност доаѓа по обилните врнежи на снег и слевање на поголемо количество на вода во одводните шахти.
OhridNews













