Во рамки на активностите на локалната самоуправа за разубавување  на стариот дел од Охрид,  денес  ЈП “Градски гробишта“ започна со уредување  на просторот пред  црквата  Св. Софија.

– Во изминатиот период  несовесни  возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период  од  годината. Денес  на  овој простор се поставуваа жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени  и клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно  уреден со што охриѓани  ќе добијат  привлечно катче за одмор и уживање во срцето на Охрид, велат од локалната самоуправа.

Екипи од  ЈП “ Градски гробишта “ денес вршеа и поправка и санација на делот  околу  малата фонтана што е во непосредна близина на црквата Св. Софија.   

OhridNews